ВОДЕНА ПИТА СО СИРЕЊЕ…Една од највкусните што сум ги јадела…Малку необичен начин за подготвување на кори за пита, но дефинитивно вреди да се испроба. Корите имаат вкус на домашни јувки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото:
4 јајца
3 чаши брашно
1/4 чаша вода на собна температура
1 лажичка сол

За фил:
1 чаша урда (може да се користи и чедар/кашкавал или бело сирење)
сечкан магдонос по желба

За премачкување:
125 г стопен путер
60 мл масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со лажичка сол и 50 мл вода, па постепено започнете да го додавате брашното.

Ако тестото е премногу тврдо, тешко ќе се развлекува, па затоа треба да биде меко.

2.Тестото поделете го на парчиња според големината на тавата во која ќе се пече питата. Со оглед на тоа што имав големо тавче за палачинки, соодветно го поделив на 8 топчиња. Ако вашата тава е мала, можете да направите 10 топчиња.

3.Топчињата тесто покријте ги со кеса за да не се сушат, па оставете ги 10-тина минути да одморат за полесно да се развлекуваат.

4.На набрашнета работна површина секое од топчињата развлечете го во голема тенка кора. По потреба посипувајте го со брашно или скроб/нишесте.

5.Секоја од корите кратко потпечете ги во тавата загреана на умерена температура, исто како палачинките, но овојпат нешто пократко, да останат светли без темни дамки.

6.Откако ќе ги потпечете кратко сите кори, наполнете голем плех со вода, па потепете една кора, почекајте 10 – 15 секунди, исцедете ја водата и ставете ја во тепсијата претходно намастена.

Кората одозгора премачкјате ја со приближно 2 лажици мрснотија (растопен путер помешан со масло).

7.Повторете ја постапката со секоја наредна кора. Кога ќе наредите 4 кори, распоредете го филот од сирење, па наредете ги и останатите 4 кори, секоја потопена во вода и премачкана со масло.

8.Одозгора посипете го остатокот од маснотијата, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека да зарумени.

9.Печената пита превртете ја наопаку врз дрвената даска за сечење, исто како што се се сече бурекот. Постапката погледнете ја ОВДЕ.