Вкусни погачици со спанаќ и сирење…Многу брзо и лесно…Време за подготовка: 10 минути. Време за печење: 15 минути. Вкуно време 25 минути. Количина за 13 погачици со средна големина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
4 лажички маслиново масло или растопен путер
50 г цврст јогурт или кисела павлака (50 г)
45 г ситно сечкан спанаќ
1 лажичка сечкан копар
1 лажичка сечкани зелени перца од млад кромид
сол и црн пипер по вкус
110 г ситно сирење
40 г рендан кашкавал или моцарела

125 г мешавина за саморастечко брашно кое се состои од:
1 чаша сенаменско брашно
1 лажичка прашок за печиво
1/4 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот обложете го со хартија за печење. Во длабок сад изматете го јајцето со маслото и јогуртот додека да се соеднат.

Додајте спанаќ и зеленило по вкус, посолете и запиперете, па додајте ги сирењето и кашкавалот.

Најпосле сето сипете го во мешавината од брашно, па мешајте додека да се соедини. на почетокот ќе ви изгледа смесата сува, но на крај ќе стане компактна. Ако ви е полесно, користете раце.

Обликувајте топчиња и малку сплескајте ги со дланката. Печете ги 17-20 минути. Видеото погледнете го на ТикТок ОВДЕ:

https://www.tiktok.com/t/ZP8Y2Fv68/