Home закуска ВКУСНИ ПИРОШКИ со готови кори, залиени со газирана вода…Крцкаат на секое гризнување,...

ВКУСНИ ПИРОШКИ со готови кори, залиени со газирана вода…Крцкаат на секое гризнување, а однатре се меки и многу вкусни

ВКУСНИ ПИРОШКИ со готови кори, залиени со газирана вода…Крцкаат на секое гризнување, а однатре се меки и многу вкусни…

За овој рецепт не ви се потребни прецизни количини, затоа што сè се прави одокативно, од само неколку состојки. Филот секако, е по ваш избор и вкус, а овојпат крцкавите пирошки ги направивме со сирење…Еве кои состојки ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

готови кори
растопен путер/маргарин помешан со масло (2:1)
газирана вода

За фил:
ситно сирење/урда или по ваш вкус
За премачкување одозгора:
жолчка+2 лажички масло или само пуер/маргарин
сусам за посипување

ПОСТАПКА:

Во постапката која можете да ја погледнете во видеото подолу се користат две големи свежи кори со тркалезен облик. Ако не можете да најдете вакви кори, користете обични, правоаголни.

<

1.Исечете ги корите во триаголници.

2.Секој триаголник премачкајте го со маснотија преку целата површина, а на поширокиот крај ставете фил.

3.Свиткајте како сармички, најпрво преклопете ги краевите за да не истекува филот при печењето, а потоа свиткајте во ролничка.

4.Ролничките наредете ги во намастен сад за печење, премачкјате ги одозгора со маснотија или жолчка и залијте ги со газирана вода.

5.Газираната вода ќе запени при полевањето и ролничките треба да бидат 1/3 потопени во водата, максимум до половина.

6.Одозгора посипете ги со сусам и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат и водата да испари. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/ieKcAXL3AG4?si=DzWVCP7ql-IAX0Dw