Вкусен ручек, прсти да излижеш! Овие тестенини се совршенство…
Никогаш не сум јадела толку вкусни тестенини. Идеално јадење и за ручек или вечера. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г макарони
600 г бело пилешко месо
500 мл неутрална течна павлака за готвење
3 јајца
50 г рендан кашкавал
зачини по вкус
ПОСТАПКА:
Сварете ги тестенините во вода во која сте додале сол и малку масло 6-7 минути. Исцедете ги од водата и истурете ги во огноотпорен сад.
Пилешкото филе исечкајте го на ленти и пропржете ги 5-6 минути. Зачинете ги со сол и црн пипер и додајте ги во тестенините.
Во сад изматете ги и зачинете ги јајцата и павлаката со сол, црн пипер, оригано и мајчина душица. Истурете ја смесата врз тестенините.
Промешајте, посипете со рендан кашкавал и печете во загреана рерна на 190° 25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: