Home закуска Вкусен прилог од компири и спанаќ за секој ден, а може да...

Вкусен прилог од компири и спанаќ за секој ден, а може да биде и самостоен оброк

Вкусен прилог од компири и спанаќ за секој ден, а може да биде и самостоен оброк

Овој едноставен, а неверојатно вкусен рецепт за „пита“ од компири со спанаќ ќе стане ваше омилено јадење за секој ден!

Совршена комбинација од крцкава надворешност и кремаста, ароматична внатрешност, ова јадење е идеално за појадок, ручек или вечера, пишува НМД.

Подгответе го овој економичен и импресивен специјалитет кој ќе ги воодушеви сите на вашата трпеза! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 јајце
– 3 компири
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 г спанаќ
– 100 г пармезан (кашкавал по избор)
– 50 г моцарела (или кашкавал во коцки)
– 2 лажици растително масло
– 2 лажици лебни трошки (презла)
– Сол, по вкус
– Црн пипер, по вкус
– Мелено морско оревче, по вкус
– НМД

Постапка:

1. Во сад, изматете го јајцето и зачинете го со сол, црн пипер и малку мелено морско оревче. Оставете настрана.

2. Излупете ги компирите, исечкајте ги на коцки и варете ги во посолена вода додека да омекнат (околу 15-20 минути). Откако ќе се сварат, исцедете ги и изгмечете ги во пире.

3. Во тава на средна температура, загрејте една лажица растително масло. Додајте го ситно исечканиот кромид и пржете 1-2 минути додека да омекне.

4. Додајте ги ситно исечканите чешниња лук и пржете уште една минута.

5. Во тавата додајте го исечканиот спанаќ и динстајте 2-3 минути додека да се намали волуменот. Потоа, тргнете ја тавата од оган.

6. Во садот со пирето од компири, додајте го изматеното јајце, подизладената смеса со спанаќ, 40 г рендан пармезан, сол и црн пипер. Добро измешајте.

7. Во намастена тава за печење, посипете половина од лебните трошки. Распоредете половина од смесата рамномерно, па одозгора ставете ја моцарелата.

Распоредете го остатокот од смесата, израмнете и посипете со остатокот од лебните трошки и преостанатиот пармезан.

8. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути, додека „питата“ да добие златно-кафеава боја и крцкава кора.

9. Послужете топло и уживајте во овој неодолив вкус!

Добар апетит! Постапката со деталите можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: