Вкусен појадок или вечера….ова тесто со зеленчук не впива масло и многу е вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

2 чаши млако млеко (400 мл)
1 јајце (на собна температура)
1 кесичка сув квасец (10 г)
1 лажица шеќер (20 г)
1,5 лажички сол (12 г)
4,5 чаши брашно (540 г)
1 чаша рендана зелка (150 г)
1 морков
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 кромид
магдонос
100 г чедар/кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Во садот за месење измешајте ги млекото, јајето, квасецот, шеќерот и солта. Постепено додавајте го брашно и промешајте со шпатула. Тестото е меко и малку лепливо, па не се меси со рака.

Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да ферментира 40 минути или додека да го зголеми својот волумен.

2.Во меѓувреме изрендајте ја зелката и додајте ја во ферментираното тесто. Морковите исто така изрендајте ги, па и нив додајте ги во тестото.

3.Црвените и зелените пиперки, кромидот и магдоносот исто така, исечкајте ги поситно колку што можете (на мали коцкички) и промешајте ги во тестото.

На крај додајте го ренданиот чедар/кашкавал и измешајте со шпатула. Тестото наполнете го во готварска кеса.

4.Загрејте масло 1 см во тавата на умерена температура. Истиснувајте го тестото и обликувајте крофнички. Можете да ги пржите и како уштипци, така што лажицата прво ќе ја натопувате во маслото, па ќе црпите од тестото.

Пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.