Вирусот КОРОНА е целосно декодиран, познати се поголемиот дел од неговите мистериозни протеини

,,Вирусот е само една лоша вест завиткана во протеин’’ напишале биолозите Џон и Питер Медавар во 1977 година.

Како за почеток со мало објаснување. Геном претставува збир од сите гени во хромозомите. Гените се распоредени по должина на хромозомите на места означени како генски локус. Молекулата на DNA и RNA содржи 4 различни нуклеотиди. Наследната информација за синтеза на протеините е закодирана во редоследот на нуклеотидите.

Loading...

Буквите кои ги претставуваат протеините се нарекуваат азбука.

Во јануари, научниците дешифрираа една ваква лоша вест, спакувана во протеини: Геномот на SARS–CoV19, вирусот што ја предизвикува болеста Covid-19.

Се претпоставува дека вирусот потекнува од 41 годишен маж, кој работел на пазарот за морска храна во Вухан, каде се појави првиот кластер на случаи.

Истражувачите сега бараат начин да ja ‘’разберат’’ смислата на овој вирусен рецепт, кој може да доведе до производство на нови лекови и вакцина за да се спречи пандемијата која е во тек.

РНК низа

Коронавирусот претставува РНК вирус. За вирусот да навлезе во клетката потребно е да има контакт со жива клетка. Само така вирусот е во можност да се реплицира и да се шири.

Во овој случај, кога коронавирусот ќе најде соодветна клетка, инјектира влакно од молекулата на РНК, која го содржи целиот геном на вирусот.

Геномот на новиот коронавирус е долг помалку од 30.000 букви. Научниците идентификуваа дури 29 протеини кои прават копии во инфицираниот организам и ги потиснуваат имуните реакции во истиот.

Првиот редослед на РНК буквите се чита вака:

Овој редослед од РНК букви е проследен само од 4 букви, а од нив може да се направат различни комбинации од протеини. Буквите кои што ги содржат овие протеини се: А, U, G, C.

Подолу следат дел од откриените протеини и што и прават тие во заразената клетка.

Синџир од протеини – ORF1ab

Првиот вирусен протеин создаден во заразената клетка е всушност ланец од 16 протеини здружени заедно. Два од овие протеини дејствуваат како ножици, ги кинат врските помеѓу различните протеини и ги ослободуваат за да можат понатаму да дејствуваат.

Со истражувањето на другите коронавируси научниците можат да дознаат како функционираат некои од протеините на SARS –CoV-2, меѓутоа некои други протеини остануваат и натаму мистериозни.

Протеин клеточен саботер – NSP1

Има функција да го успори производството на протеини кои и се потребни на инфицираната клетка. Оваа саботажа ја присилува клетката да продуцира повеќе вирусни протеини и да ја спречи одбраната на клетката домаќин, односно да се создадат антивурисни протеини кои би можеле да го запрат вирусот.

Мистериозен протеин – NSP2

Научниците не се сигурни што прави NSP2 протеинот во клетката, но се претпоставува дека работи заедно со другите протеини.

Протеин секач – NSP3

NSP3 е голем протеин кој има две важни улоги. Едната е за да ги отсекува виралните протеини за да можат понатаму да дејствуваат, а другата е да ги менува протеините на инфицираната клетка.

Со тоа целосно е нарушена рамнотежата на клетката домаќин и нејзината способност за да се одбрани од вирусот.

Машинерија за меури – NSP4

Во комбинација со други протеини, NSP4 помага во градење меури исполнети со течности на заразените клетки. Во внатрешноста на овие меури, се забележуваат делови од нови копии на вирусот.

Протеин ножици – NSP5 

Овој протеин ги прави најголемиот дел од засеците со кои се ослободуваат нови NSP протеини кои понатаму имаат свои задачи.

Протеин фабрика за меури – NSP6

Овој протеин соработува со NSP3 и NSP4, се споредува со фабрика за меури.

Асистенти на главниот NSP12 во производство на нова копија вируси – NSP7 и NSP8

Овие два протеина му помагаат на NSP12 да произведе нови копии од RNK геномот.

Во внатрешноста на инфицираната клетка – NSP9 

Овој протеин се инфилтрира во нуклеусот на инфицираната клетка која го содржи сопствениот геном. Влијае врз движењето на молекулите кои влекуваат и излегуваат од јадрото, но со која цел, сè уште не е познато.

Генетска камуфлажа – NSP10

Човечките клетки имаат антивирусни протеини кои ја пронаоѓаат вирусната RNA и ја уништуваат. Овој протеин соработува со NSP16 за да ги камуфлира гените на вирусот да не бидат нападнати.

Машинерија за нови копии – NSP12


Како што споменавме претходно овој протеин има улога да создава нова машинерија на вируси.

Од друга страна NSP11 се преклопува со редоследот на овој протеин, но сè уште не е јасно дали има некаква функција.

Расплетувач на РНК – NSP13

Во нормални услови, РНК на повредениот вирус се расплетува и превртува. Научниците се сомневаат дека NSP13 има функција да овозможува “прочитување” на секвенците, за да можат да се направат нови копии.

Проверувачот – NSP14

Бидејќи NSP12 го дуплира геномот на вирусот, понекогаш додава погрешна буква во новата копија. NSP14 ги намалува овие грешки, така што се добива точната азбука.

Чистачот – NSP15

Истражувачите се сомневаат дека овој протеин овозможува остатокот од РНК вирусот да се скрие од антивирусната одбрана.

Поголема камуфлажа – NSP16

Овој протеин соработува со NSP10 за да помогне во што посигурно камуфлирање на вирусните гени.

Боцкавиот протеин – S

Боцкавиот протеин е еден од 4-те структурни протеини – S, E, M, N, кои го формираат надворешниот слој на коронавирусот и ја штитат вирусната РНК во него. Структурните протеини исто така помагаат да се соберат и ослободат нови копии од вирусот.

S – протеините формираат боцки на површината на вирусот, а сами од себе се комбинираат по три во групи. Дел од овие боцки можат да се прицврстат на протеинот ACE2 (со жолта боја) кој се појавува на одредени клетки во дишните патишта.

Бројни научни тимови се обидуваат да дизајнираат вакцина која ќе ги спречи овие “боцки” да се закачуваат за човековите клетки.

Уметник за бегство – ORF3a

Геномот SARS-CoV19 исто така кодира група на таканаречени ‘’протеински додатоци’’. Тие помагаат во било каква промена во околината околу заразената клетка за полесно да се реплицира вирусот. Значајно за овој протеин е тоа што предизвикува воспаление, еден од најопасните симптоми кај коронавирусот.

Протеин кошулка – E

Е – структурниот протеин помага во формирање на масните меури. Но, кога се наоѓа внатре во клетката може да има и друга улога заедно со другите протеини, односно кога се меша со нив.

Мембрански протеин – М

Уште еден протеин кој има улога во надворешната обвивка на вирусот.

Блокатор на сигналите – ORF6

Овој додатен протеин ги блокира сигналите кои инфицираната клетка би ги испратила до одбранбениот систем. Истиот протеин се препознава и кај грипот.

Ослободувач на вируси – ORF7a

Кога вирусите се обидуваат да избегаат од нашите одбранбени клетки, тие всушност паѓаат во замката од протеини наречени тетерин. Истражувачите сметаат дека ORF7a го намалува производството на тетерин, а со тоа овозможува повеќе вируси да избегаат од замката и да бидат уништени. Исто така, овој протеин може да ги активира инфицираните клетки да извршат самоубиство, со што се објаснува масивното оштетување на белите дробови предизвикано од Ковид 19.

Мистериозен протеин – ORF8

Овој протеин драстично се разликува од другите коронавируси и засега е мистерија за научниците.

Протеин нуклеокапсид – N

Нуклеокапсидниот протеин ја штити вирусната РНК клетка, и ја стабилизира во внатрешноста. Многу нуклеокапсидни протеини се поврзуваат заедно во спирала, обвиткувајќи ја и обложувајќи ја вирусната РНК.

Мистериозен протеин ORF10

И за овој протеин сè уште не откриена неговата функција.

Според горенаведените сили во внатрешноста на овој вирус, се објаснува прашањето зошто коронавирусот зарази многу луѓе за само два месеци. Кога истажувачите добро го познаваат вирусот и неговата градба, многу е полесно да се направи лек и да се избориме против моќниот коронавирус.

За НМД.мк текстот го обработи Мартина Христовска

Loading...