Вака подготвени тиквичките се повкусни од месо…Здраво и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички
сол по вкус
1 компир
2 јајца
1 морков
1/2 китка свеж магдонос
1 чешне лук
зачини: чили и црн пипер
5 лажици брашно
120 г кашкавал
маслиново масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа добро истискајте ги од сокот што ќе го испуштат.

2.Компирот изрендајте го и истискајте го меѓу прсти за да излезе сокот од него.

Додајте две јајца, рендан морков, ситно сечкан магдонос и рендан лук, па посолете и зачинете со црвен и црн пипер.

3.Додајте ја процедената тиквичка, промешајте, додајте брашно и сето добро промешајте го.

Од смесата црпете со намастени дланки, во средината ставајте долгнавесто, тенко парче кашкавал и обликувајте ги како пирошки.

4.Валајте ги во брашно да се облоат од сите страни, па пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

Постапката погледнете ја ОВДЕ. Ако ги печете во рерна, претходно со четка премачкајте ги со масло од сите страни.