Home закуска ТУРБАН ПИТА КАКВА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ДОСЕГА…Многу вкусен рецепт кој сите го...

ТУРБАН ПИТА КАКВА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ДОСЕГА…Многу вкусен рецепт кој сите го бараат…

ТУРБАН ПИТА КАКВА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ДОСЕГА…Многу вкусен рецепт кој сите го бараат…Ова е од оние кои со првиот залак ве освојува…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
800 г сенаменско брашно
1 лажичка сув квасец (5 г)
1 лажичка сол (6 г)
500 мл млеко

за фил:
500 г мелено месо
100 г кромид
сол, црн пипер
за премачкување:
малку путер, млеко, 1 жолчка

ПОСТАПКА:

1.Од наведените состојки замесете средно меко тесто. Покријте го и оставете го да одмори 10 минути.

2.Меленото месо помешајте го со ситно сечкан кромид и зачинете по вкус.

3.Тестото поделете го на 4 дела. обликувајте топки, покријте ги и оставете да одморат 10 минути.

4.На набрашнета површина отворете едно тестата во тенка кора.

5.Преку цела површина премачкјате ја површината со растопен путер и распоредете четвртина од филот.

6.Свиткајте ја кората во ролат. А потоа во полжав. Покријте ги и оставете да одморат 20 минути.

7.По изминатото време нежно сплескајте ги со дланката, а потоа и со оклагија.

8.Наредете ги во плех обложен со хартија и одозгора премаќкјате ги со жолчка во која сте додале малку млеко.

9.Печете ги во претходно загреана рерна на 185 степени, 35-40 минути или додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=e0DBcrfELfQ