Домашен појадок за 15 минути: Сендвичи што мирисаат како од пекарница
Топли печени сендвичи со кашкавал и јајца – брз домашен појадок што сите го обожаваат
Кога ви треба брз, вкусен и заситувачки појадок, овие печени сендвичи се одличен избор. Крцкави однадвор, меки однатре и богати со растопен кашкавал, тие се подготвуваат со едноставни состојки што најчесто веќе ги имате дома.
Овој рецепт е практично решение за зафатени утра, семеен појадок или лесна вечера.
Комбинацијата од јајца, кашкавал и топло печено лепче создава вкус кој потсетува на омилените појадоци од пекарница, но во домашна и поекономична варијанта, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Ако имате лепче и јајца, овој појадок ќе го правите постојано
Потребни состојки:
* 6 парчиња лепче
* 20 г путер на собна температура
* 6 парчиња кашкавал
* 3 парчиња шунка или сувомеснато по избор
* 2 јајца
* 30–50 мл млеко
* 80–100 г рендана моцарела
* сол по вкус
* црн пипер по вкус
* малку масло за премачкување на хартијата
* НМД
Постапка:
Лепчињата премачкајте ги со тенок слој путер. Врз секое парче ставете кашкавал, а на три од нив додајте шунка или друго сувомеснато по избор. Поклопете ги со останатите парчиња лепче за да добиете сендвичи.
Во чинија изматете ги јајцата, додајте сол и црн пипер по вкус, па сипете 30–50 мл млеко. Соединете ја смесата додека стане изедначена.
Секој сендвич натопете го од двете страни во смесата со јајца.
Плехот обложете го со хартија за печење и лесно испрскајте го со масло. Наредете ги сендвичите, а одозгора додајте рендана моцарела.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, со вентилатор доколку имате, околу 12 минути или додека сендвичите добијат златна и крцкава кора.
Послужете ги топли, додека кашкавалот е растопен и кремаст.
Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=4uzGhaiYP5w





































