Home закуска Топли сендвичи со кашкавал и јајца: Крцкави однадвор, меки однатре – појадок...

Топли сендвичи со кашкавал и јајца: Крцкави однадвор, меки однатре – појадок готов за 15 минути

топли печени сендвичи

Домашен појадок за 15 минути: Сендвичи што мирисаат како од пекарница

Топли печени сендвичи со кашкавал и јајца – брз домашен појадок што сите го обожаваат

Кога ви треба брз, вкусен и заситувачки појадок, овие печени сендвичи се одличен избор. Крцкави однадвор, меки однатре и богати со растопен кашкавал, тие се подготвуваат со едноставни состојки што најчесто веќе ги имате дома.

Овој рецепт е практично решение за зафатени утра, семеен појадок или лесна вечера.

Комбинацијата од јајца, кашкавал и топло печено лепче создава вкус кој потсетува на омилените појадоци од пекарница, но во домашна и поекономична варијанта, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

топли печени сендвичитопли печени сендвичи

Ако имате лепче и јајца, овој појадок ќе го правите постојано

Потребни состојки:

* 6 парчиња лепче
* 20 г путер на собна температура
* 6 парчиња кашкавал
* 3 парчиња шунка или сувомеснато по избор
* 2 јајца
* 30–50 мл млеко
* 80–100 г рендана моцарела
* сол по вкус
* црн пипер по вкус
* малку масло за премачкување на хартијата
* НМД

Постапка:

Лепчињата премачкајте ги со тенок слој путер. Врз секое парче ставете кашкавал, а на три од нив додајте шунка или друго сувомеснато по избор. Поклопете ги со останатите парчиња лепче за да добиете сендвичи.

Во чинија изматете ги јајцата, додајте сол и црн пипер по вкус, па сипете 30–50 мл млеко. Соединете ја смесата додека стане изедначена.

Секој сендвич натопете го од двете страни во смесата со јајца.

<

Плехот обложете го со хартија за печење и лесно испрскајте го со масло. Наредете ги сендвичите, а одозгора додајте рендана моцарела.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, со вентилатор доколку имате, околу 12 минути или додека сендвичите добијат златна и крцкава кора.

Послужете ги топли, додека кашкавалот е растопен и кремаст.

Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=4uzGhaiYP5w