Home закуска Толку многу се вкусни што почнав секој ден да ги правам…Многу едноставен...

Толку многу се вкусни што почнав секој ден да ги правам…Многу едноставен рецепт со пире од компири…

Толку многу се вкусни што почнав секој ден да ги правам…Многу едноставен рецепт со пире од компири…

Толку се вкусни, ги правам речиси секој ден! Многу едноставен рецепт!

За да го направите највкусното пире од компири, потребни ви се наједноставните состојки и малку време. Многу едноставен рецепт кој го сака нашето семејство и сите наши пријатели.

Моето семејство е воодушевено од неверојатно вкусниот рецепт за ќофтиња од мелено месо и компири и бара да се готви три пати неделно.

Толку се вкусни што постојано ги готвам. Многу едноставен и брз рецепт. Пробајте и пишете ми коментар дали ви се допадна рецептот на дедо ми од Унгарија. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За смеса од компир измешајте:
3 јајца
сол, црн пипер, оригано
1/2 чаша млеко (100 мл)
30 г растопен путер
500 г испасирани, варени компири

Кога ќе се соедини, во пирето додајте:
1 врзоп млад кромид, ситно сечкан
4 лажици скроб /нишесте/густин

За смеса од месо пропржете:

3-4 чешниња лук
1 главица кромид
250 г мелено месо

Кога месото ќе ја смени бојата додајте ситно сечкан магдонос

За сос-гарнир врз ќофтињата, во друга тава пропржете:

60 г путер
250 г печурки
1 главица кромид, ситно сечкан
сол по вкус

Кога печурките ќе се испржат, додајте:

1 чаша крем/неутрална течна павлака (200 мл)
рендан лук по вкус
сол, црн пипер, мускатно оревче

Начин на обликување:

На набрашнета површина се става куп компир пире, во средината се става фил од месо и мало парче путер или кашкавал, па се затвора и се обликува ќофтето. Се пржи во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни.

Одозгора се гарнира со сосот од печурки. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ:

https://youtu.be/SVqoqrp7O2o?si=RbQhl_3d8rCdrTsL