Home закуска Тиквички полнети со сирење, потпечени во рерна…одлична летна комбинација за брз ручек…

Тиквички полнети со сирење, потпечени во рерна…одлична летна комбинација за брз ручек…

Тиквички полнети со сирење, потпечени во рерна…одлична летна комбинација за брз ручек…Состојките за филот по потреба можете да ги додавате или одземате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 тиквички
200 г ситно сирење
100 г кашкавал
сол, црн и црвен пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките исечете ги по должина и со лажица извлечете го „месото“ од нив.

2.На тава загрејте малку масло, па пропржете го „месото“ од тиквичките. Зачинете и динстајте на умерена температура додека да заруменат.

3.Додајте го ситното сирење, промешајте и тргнете од оган. Тиквичките наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

4.Наполнете ги со смесата и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа извадете ги, посипете ги со рендан кашкавал или прекријте ги со листови кашкавал, па вратете ги уште 5 минути. Рецепт на Александра.