Home ситни колачи Кој може да им одолее на ОВИЕ КОЛАЧИ СО ГРИЗ КОИ СЕ...

Кој може да им одолее на ОВИЕ КОЛАЧИ СО ГРИЗ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА? Се прават за 5 а се печат за 10 минути!

Кој може да им одолее на ОВИЕ КОЛАЧИ СО ГРИЗ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА? Се прават за 5 а се печат за 10 минути! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
125 г шеќер
125 мл масло
125 г кисела павлака/цврст јогурт
1 лажица џем
ситно рендана кора од лимон
1 прстофат сол
450 г гриз (или дурум брашно)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
200 г шеќер во прав за валање

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата, шеќерот, маслото, јогуртот, џемот и прстофат сол.

2.Кога ќе се изедначи смесата додајте ја ситно ренданата кора од лимон и започнете постепено да го додавате гризот.

3.Кога ќе се формира густо тесто додајте го прашокот за печиво и замесете со рака за да се изедначи убаво.

4.Тестото покријте го и оставете го да одмори 5 минути.

5.Кинете топчиња од тестото, валајте ги во шеќер во прав и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

6.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.