Топол зелник што мириса на дом – сите бараат уште едно парче
Домашна зелјаница што исчезнува додека е топла – богата, сочна и неверојатно вкусна
Ако сакате мирис на вистинска домашна пита што потсетува на старите рецепти од домашната кујна, овој зелник ќе ве воодушеви уште со првото парче.
Тенките рачно тегнати кори, богатиот фил од спанаќ и свежо сирење, како и крцкавата златна површина ја прават совршен избор за семеен појадок, ручек или вечера.
Ова е рецепт што секогаш успева, а питата е толку вкусна што најчесто исчезнува уште додека е топла, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки
За тестото:
* 800 г бело брашно
* 450 мл топла вода
* 1 мала лажичка сол
* 1 лажица масло
За филот:
* 500 г спанаќ или блитва
* 500 г свежо сирење
* 2 јајца
* 300 мл млеко
* 1 мала лажичка сол
Дополнително:
* масло или растопен путер за премачкување
* малку брашно за развлекување

Постапка
Во длабок сад ставете го брашното и додајте сол. Постепено сипете ја топлата вода и замесете меко и еластично тесто. Месете додека да стане мазно и компактно.
На крај додајте 1 лажица масло и кратко домесете го тестото. Премачкајте го од сите страни со малку масло, покријте го и оставете го да одмора 30 минути.
Во меѓувреме подгответе го филот. Спанаќот ситно исечкајте го, па додајте свежо сирење, јајца и млеко. Посолете по вкус и убаво промешајте додека да добиете изедначен фил.
Тестото префрлете го на лесно побрашнета работна површина и кратко премесете го. Поделете го на 3 еднакви дела и обликувајте топки. Покријте ги за да не се сушат и оставете ги да одморат уште 15 минути.
Врз чаршав или побрашнета површина развлекувајте тенки кори. По потреба посипувајте брашно за да не се лепат. Кога ќе добиете многу тенка кора, премачкајте ја со малку масло.
На двата краја од кората распоредете фил, а потоа со помош на чаршавот свиткајте две ролни. Пресечете ја кората на средината за да ги разделите ролните.
Првата ролна свиткајте ја во форма на полжав и ставете ја во средината на намастена тепсија со пречник од 38 см. Останатите ролни редете ги околу неа додека да се исполни целата тепсија.
Премачкајте ја питата со масло или растопен путер за уште поубава крцкава кора.
Печете во претходно загреана рерна на 170 степени околу 30 минути, односно додека да добие убава златнорумена боја.
Послужете ја топла, со цврст јогурт или чаша кисело млеко.
Совети за совршен зелник
* Колку потенко ќе ги развлечете корите, толку питата ќе биде повкусна и покрцкава.
* Спанаќот не треба претходно да се пржи, така останува посочен.
* За побогат вкус можете да комбинирате спанаќ и блитва.
* Растопениот путер дава особено миризлива и златна кора.
* Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































