Со секое парче паѓа и шеќерот…Многу вкусно и здраво јадење за 5 минути, овој рецепт е вистинско богатство…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 гр зелка
1 главица кромид
3 чешниња лук
7 печурки
1 пиперка
3 домати
1 китка млад кромид
1 китка свеж магдонос
4 јајца
150 г кисела павлака
сол и црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Зелката ситни исечкајте ја или изрендајте ја, па прелијте ја со врела вода. Промешајте и оставете ја настрана да се олади и омекне.

2.На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид. додајте рендано лукче, ситно сечкани печурки и пиперка. Динстајте со непрекинато промешување.

3.Доматите засечете ги, попарете ги кратко со врела вода и веднаш пикнете ги во ладна вода, па излупете ги и ситно исечкајте ги. Додајте ги во зеленчукот и донстајте додека да испари течноста.

4.Додајте ситно сечкан млад кромид и магдонос, процедената омекната зелка па промешајте. Во посебен сад изматете ги јајцата со киселата павлака, запиперете по вкус.

5.Сосот сипете го во зеленчукот и сѐ измешајте. Смесата истурете ја во намастен калап (долгнавест и длабок за леб/ролат) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.