Мирната атмосфера во канцеларијата е исклучително важен фактор за успешната работа.

Треба да знаете на кои колеги можете да им верувате и кои е подобро да ги избегнувате. Ако ви е тешко да го процените односот на другите кон вас, погледнете ги овие знаци, наведени од Business Insider – ако се присутни, значи на колегите дефинитивно не им се допаѓате.

1. Интуицијата ви кажува

Не ја ставајте под сомнение интуицијата. Ако се сомневате дека некој колега од канцеларијата не е особено пријателски настроен кон вас, одвојте екстра внимание на целокупното однесување. Со сите ли се однесува на тој начин или само со вас?

2. Не се разговорливи

Ако ги прашате колегите „Како сте?“ И добиете одговор “„OK„ или „Добро“ и ништо повеќе, постои веројатност да не сте меѓу најпопуларните луѓе во канцеларијата.

Истото се однесува и за пораките во кои се поминува директно на прашањето, одминувајќи целосно нормален поздрав, од типот на “„Здраво“ и „Добар ден“.

3. Се однесуваат како шефови

Некои ваши колеги може да се обидат да ја ослабат и омаловажат вашата позиција, играјќи улога на шеф, и покрај јасниот недостаток на каква и да било реална власт.

4. Не го забележуваат Вашето присуство

Ако колегите не велат „Добро утро“, кога ќе пристигнете на работа или пак „Пријатна вечер“, кога си заминеѕе, најверојатно немаат позитивни чувства кон вас.

5. Испраќање негативни сигнали со јазикот на телото:

Без разлика дали им се вкрстени рацете пред градите или се загледани со поглед во компјутерскиот екран, јазикот на телото често ги покажува вистинските чувства кои колегите ги чувствуваат кон вас.

6. Постојано ви противречат

Ако имате чувство дека некој постојано го оспорува секој ваш предлог, дури и пред да сте ја завршиле мислата, има голема веројатност овој човек да ве мрази до таков степен што да е пристрасен против секоја ваша идеја, дури и оние со кои би се согласил при други услови.

7. Никогаш не ве прашуваат за личниот живот

Дали сте забележале дека колегите зборуваат еден со друг за нивните деца, семејства и хобија, но никогаш не спомнуваат слични теми пред вас?

Тоа значи дека колегите немаат намера да создаваат пријателски односи со вас.