Ручек за добри два дена….МАКЕДОНСКО ЌОФТЕ во доматен сос

Многу вкусно јадење 👌

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 голема главица кромид
Сол, црн пипер
½ лажичка мелен ким
½ лажичка мелена лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажица сечкан магдонос

За сос:

500 г доматен сос/ домати од конзерва
1 чешне лукче или повеќе
1 лажичка мелен лут пипер (чили) или црн пипер
1 лажичка коријандер
Сол, црн пипер

Постапка:

Кромидот исечкајте го ситно или изрендајте го, па пропржете го на масло да стане стаклест.

Во длабока чинија ставете го меленото месо, додадете го динстаниот кромид и зачините. Сето убаво изедначете и оставете половина час во фрижидер.

Потоа обликувајте мали топчиња и пржете ги во загреано масло.

Ќофтенцата вадете ги на чинија, а истото масло пропржете ситно сечкано лукче, додадете коријандер во зрно, мелена лута пиперка и сечкани домати од конзерва.

Сето гответе го 10-тина минути додека да згусне сосот. Ставете ги ќофтињата во сосот и гответе уште неколку минути.

Наросете со сечкан магдонос и послужете топло.

Претходна статијаНАЈДОБРАТА РУСКА САЛАТА
Следна статијаЗа овој колач не вклучувате миксер, а се прави многу брзо: КОКОС штангли