Рецепт за ТЕНКА ПИТА без квасец со 3 состојки…економично и многу вкусно…Овие превкусни тенки питички можете да ги јадете со што ќе посакате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 200 мл):

За тестото:
6 чаши + 2 лажици брашно
2,5 чаши топла вода
2 лажички сол
За премачкување:
путер/маргарин или масло по потреба

ПОСТАПКА:

1.Во средината од брашното направете бунарче па тука сипете сол и брашно и со постепено додавање на топла вода замесете фино мазно тесто кое не е ниту претврдо ниту премеко. Месете го 5-7 минути за да стане еластично.

2.Поделете го на 8 топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

3.На набрашнета површина отворете ги сите топчиња во тенки кори. Развлечете ги колку што можете потенко.

4.Преку целата површина на развлечената кора премачкајте растопен маргарин/путер или масло. Затворете ги спротивните рабови за да добиете квадратна форма, но секоја нова површина треба да ја премачкате со маснотија.

Тенките пити редете врз крпа и одозгора покријте ги со друга крпа за да не се сушат.

5.Откако ќе ги подготвите сите кори-питички, загрејте ја тавата на средна топлина и печете ги ги од двете страни додека да заруменат.

Не мора да ставате масло во тавата, бидејќи самите питички содржат маснотија во нив (ако ги сакате помрсни, со четка намастете ја тавата). Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/UE3mQGKjkBg?si=hTypxXbVGQZ0jULU