Гурмански специјалитет кој нема да ве остави рамнодушни. Во едно седнување ќе се „смачкаат“ сите плескавици. Кај нас дома, кога ќе ги направам се јадат со сласт, нема кој досега не ми рекол дека се најдобри и првокласни.
Не очекував дека од толку едноставни состојки ќе ги подготвам највкусните плескавици без месо. Излегуваат многу плескавици од една смеса, а јас обично ги пржам помали, па затоа имам повеќе.
Сопругот сака да му направам една голема на истиот начин, па утре за ручек ќе ги пробам и така. Неверојатно се вкусни и сочни. Нема да се потрошите многу за нив, а еден трик ги прави посебно убави. Во продолжение прочитајте за што се работи. Ова е гурманско јадење кое се јаде со мерак. Освен некоја добра салата како прилог, друго ништо не ви е потребно. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 5-6 компири, сол, црн пипер по вкус, 3 јајца, 3 лажици брашно, 100 г кашкавал по ваш вкус, 2 чешниња лук, 3 лажици мајонез и масло за пржење.
Двојно или тројно зголемете ја количината за да добиете повеќе плескавици, ова е основниот рецепт. ПОСТАПКА: Кромидот излупете го и исечкајте го на ситни коцки. Компирите измијте ги на неколку наврати за да се исчистат од скробот, па излупете ги и изрендајте ги на најкрупната страна од рендето.
Додајте сол и црн пипер по вкус во смесата од компири и кромид, па ставете 1 јајце. Останатите две јајца сварете ги додека жолчката да стане тврда и оставете да се оладат. Измешајте ја смесата, па додајте го брашното. Добро соединете, додека сите состојки подеднакво да се распоредат. Настрана, во посебен сад изрендајте го кашкавалот. Може да користите било каков кашкавал или пармезан. Јас обично ставам половина пармезан и половина ајдамер кашкавал.
Ситно исечкајте или низ преса поминете 2 чешниња лук, па додајте ги во кашкавалот. Сварените јајца излупете ги и изрендајте ги на најкрупната страна од рендето, па додајте ги во кашкавалот и лукот. На крајот, во смесата додајте го мајонезот и добро соединете ја смесата, додека да стане хомогена. Во едно тавче за пржење, ставете малку масло и почекајте да се загрее.
Во загреаното масло, спуштајте од смесата со компири со една лажица (отприлика тоа е количина за една помала плескавица). Доколку ви е полесно, плескавиците формирајте ги помеѓу две големи лажици и спуштајте ги во тавчето. Јас обично пржам по 4 плескавици одеднаш. Гответе ги додека да фатат коричка од страната на која се пржат, за што ќе биде потребно неколку минути, па превртете ги на другата страна.
Кога ќе ги превртите, врз испечената страна ставете 1 мала лажица од филот со варени јајца, лук, мајонез и кашкавал. Покријте го тавчето со соодветен капак и гответе уште 5 минути. За тоа време филот ќе се растопи, а плескавиците ќе се испечат однатре и ќе фатат коричка и од втората страна. Филот ги прави плескавиците многу сочни.
Вака подготвените плескавици вадете ги на чинија и веднаш послужете ги додека се топли со некоја освежителна салата, на пример од краставици и домати. Со сигурност ќе им се допаднат на сите, па затоа подгответе си со време поголема количина. Во продолжение прочитајте го рецептот за плескавици од стар леб, кои исто така се многу вкусни. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 парчиња леб (360 г), 320 мл ладно млеко, 400 г кравјо сирење, сол по потреба, 3 лажички црн ким, 5 јајца со средна величина.
ПОСТАПКА: Лебот издробете го подлабок сад, па полијте со млеко за убаво за да се натопи лебот. Млекото се дотура постепено, по потреба, во зависност од тоа колку лебот ќе впие. Лебот се меси со рака, да се добие смеса како тесто. Во оваа смеса се додаваат јајцата кои треба да бидат приближно пропорционални на количината тесто од леб.
Измешајте со виљушка за да се соединат јајцата со лебот. Потоа додајте ситно издробено сирење (кое најчесто се користи за пити). По потреба посолете и додајте црн ким или сусам или ленено семе, а доколку не сакате, не мора ништо да се стави. Се добива полутечна смеса.
Тавата со масло се загрева прво на најсилно, па потоа се намалува на умерена температура, па со лажица се вадат плескавици и се пржат во загреаното масло. Се пржат од двете страни додека да добијат убава златна боја. Пржените плескавици вадете ги врз хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.