Home закуска ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ! Летно јадење кое сите го сакаат…

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ! Летно јадење кое сите го сакаат…

Сатараш со пиперки и домати – традиционално летно јадење

Ова јадење, познато и како прженица или сатараш, е вистинска класика на балканската кујна, особено во летните месеци кога пиперките и доматите се во полн вкус.

Едноставно, а сепак неверојатно вкусно, ова јадење е омилено во многу домови поради својата лесна подготовка и богат вкус.

Со неколку основни состојки и малку трпение, ќе добиете оброк што ќе ги воодушеви сите околу трпезата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки (за 4 лица):

– 250 г пиперки (препорачливо тенки, не премногу меснати)
– 3 средни главици (околу 150 г) кромид
– 1100 г домати
– 3 јајца
– 2-3 лажици свинска маст (или масло по желба)
– сол по вкус
– НМД

Постапка за подготовка:

1. Кромидот ситно исечкајте го, пиперките исечете ги на тенки ленти, а доматите на коцки.

2. Во длабок тавче на средна температура загрејте ја маста (или маслото). Додајте го ситно сечканиот кромид, посолете го малку и пржете го додека да омекне и да добие светло златна боја, со повремено мешање.

3. Во тавчето додајте ги исечените пиперки. Покријте со капак и динстајте на пониска температура околу 10-15 минути, повремено мешајќи, додека да омекнат пиперките.

4. Додајте ги исечените домати и продолжете со динстање без капак. Посолете по вкус. Оставете ја смесата да се крчка на тивка температура додека да испари вишокот течност и смесата да добие густа конзистенција. Повремено промешајте за да не загори.

5. Во сад изматете ги јајцата со вилушка. Додајте ги во тавчето и мешајте кратко, околу 2-3 минути, додека да се згуснат јајцата.

Исклучете ја ринглата и продолжете да мешате уште 2-3 минути за да се искористи преостанатата топлина.

Послужете го сатарашот топол, со парче домашен леб или како прилог со месо. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: