ПРОЈА СО СПАНАЌ И СИРЕЊЕ…Најубава комбинација за брз појадок или вечера…Два вкуса во едно…Не ви се потребни премногу состојки за оваа економична и превкусна пченкарна пита…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
200 г ситно сирење (100+100)
100 г пченкарно брашно
100 г бело брашно
120 мл газирана вода
200 г спанаќ
1 праз помал
4 кори за пита
50 мл масло

ПОСТАПКА:

Јајцата изматете ги со жица, додајте масло, двете брашна и прашок за печиво, газираната вода и на крај кога убаво ќе се изедначи, вмешајте го ситното сирење (100 г).

Празот и спанаќот ситно исечкајте ги и малку истискајте ги низ раце за да омекнат (или кратко пропржете ги), па додајте го и ситното сирење. Калап за ролати (длабок и висок) обложете со хартија, а корите исечете ги според неговата должина.

На дното од калапот распоредете тесто доволно колку да се покрие дното. Врз кората размачкајте 2 лажици од тестото, а потоа и 2 лажици од филот. Свиткајте како ролат и ставете во калапот.

Повторете ја постапката и со втората кора. Врз двата ролати распоредете 2-3 лажици од тестото, па врз нив поставете уште 2 ролати. Одозгора сипете го остатокот од тестото.

Печете 20-тина минути во загреана рерна на 220 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: