Во “Меѓуспојницата” која трае од Голема до Мала Богородица постојат обичаи кај народот кои се почитуваат со векови наназад. Мажите може да ги работат сите работи, а на жените им се препорачува овој период да не започнуваат ништо, туку да го завршат започнатото.

Во народот е познат и како “Меѓудневица”,а сезоната до Мала Богородица треба да биде посветена на започнатите работи – ова е обичај кој важи само за жените. Во деновите помеѓу овие два празника билкарите ги берат лековитите билки кои ќе ги сочуваат за во зима. Некои се носат на благослов во црква.

Мажите можат да ги работат сите работи, а на жените им се препорачува овие недели да не започнуваат ништо, туку да го завршат она што го започнале. Се смета дека во овој период змиите се најагресивни, а снесените јајца не треба да се јадат, туку служат само за испилување на нови пилиња.

Денес е Празник на појасот на Пресвета Богородица

По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија.

Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица.

Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид.

Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.