ПОВКУСЕН ОД ПИЦА…САМО 2 модри патлиџани…Практичен и лесен рецепт со состојки достапни во секој дом… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 модри патлиџани
1 главица кромид, ситно сечкан
1 морков, ситно сечкан
1 црвена пиперка, ситно сечкана
1 зелена или жолта пиперка, ситно сечкана
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1,5 чаши млеко (300 мл)
2 чаши брашно (240 г).
3 јајца
1 лажичка црн пипер
1 лажичка сол
маслиново масло за пржење на зеленчукот
магдонос
150 г кашкавал/ чедар
ПОСТАПКА:
Модрите патлиџани излупете ги и исечкјате ги на тенки ленти, па оставете ги 10-тина минути во вода во која сте додале лажичка сол. На загреано масло прво испржете го кромидот, па додајте морков и на крај пиперките.
Модриот патлиџан исцедете го и истискајте го низ раце, па додајте го зеленчукот. Зачинете по вкус и динстајте на тивко додека сето да омекне. Оставете настрана да се олади.
Во посебен сад со жица изматете ги јајцата, соединете со млекото и брашното, па зачинете по вкус. Додајте го зеленчукот и промешајте. Смесата распоредете ја плех обложен со хартија, намастена.
Ставете да се пече во рерна на 190 ° C 25 минути, се посипува со магдонос и кашкавал и допечете уште 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: