Похуван црн патлиџан со млеко, превкусно, мора да го пробате овој рецепт

Вкусни и крцкави.

Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1 прстофат сол
400 мл млеко
50 г рендан кашкавал
1 лажичка лук во прав
60 г ситна презла
брашно за валкање
2 јајца

Постапка:

Loading...

Модрите патлиџани исечете ги на тенки кругови. Ставете ги во еден сад и посолете ги со еден прстофат. Потоа прелијте ги со 400 мл млеко.

Оставете ги 10-15 минути а потоа процедете ги.
Изрендајте ситно 50 г кашкавал, додадете една лажичка лук во прав и 60 г ситна презла. Добро промешјте за да се изедначат.

Во една чинија ставете брашно, а во друга изматете две јајца со виљушка.
Секое тркало модар патлиџан прво валкајте го во брашното, па во матените јајца и најпосле во мешавината со лебни трошки и рендан кашкавал.

Вака панираните парчиња спуштајте ги во умрено врело масло и пржете ги од двете страни додека да заруменат. Вадете ги во чинија обложена со салветка, а одозгора наросете ги со ситно сечкан власец.

Loading...