Медената вода приготвена на овој начин го нормализира варењето на цревата, го зголемува имунитетот и се користи за лекување на настинки и бронхитис, а осигурува и прочистување на телото.

Во продолжение на текстот прочитајте го рецептот и лековитите својства на медената вода.

РЕЦЕПТ: Една лажичка мед растворете во чаша млака вода (или на собна температура). Со оваа постапка се добива “медена вода”, односно раствор на мед кој телото многу брзо го апсорбира.

Она што е главната специфичност на оваа вода, е тоа што нејзиниот состав е сличен на човековата крвна плазма. Медената вода го чисти нашиот организам на клеточно ниво. Лековити својства на медената вода:

ГО ПОДОБРУВА ИМУНИТЕТОТ:

Ја јакне отпорноста на организмот против бактерии, вируси, габички.

ЈА РЕГУЛИРА РАБОТАТА НА ЦРЕВАТА

Медената вода се бори со паразитите кои живеат во нашите органи за варење. Не дозволува нивно размножување и го нормализира функционирањето на дигестивниот систем.

КОРИСНА Е ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Ако сакате да ја намалите телесната тежина, пијте секој ден, до 11 часот по 1,5 литар медена вода со намалено количество на мед (1 супена лажица на 1,5 литар вода) и рестрикциска исхрана.

Оваа вода ќе ви ги прочисти органите за варење и ќе ги елиминира токсините. Со правилна исхрана и рекреација, ќе помогне да се ослободите од вишокот килограми.

АКТИВНО ЈА ХРАНИ КОЖАТА

Загрејте ја медената вода и со неа измијте го лицето, вратот и пределот на деколтето. Благодарение на дејството на оваа лековита вода, доаѓа до подобрување на циркулацијата во крвните садови и активна исхрана на епителните клетки.

Откако ќе се измиете со медената вода, малку почекајте медот да делува, па исплакнете ја кожата со млака вода. Ако вака редовно се миете, кожата ќе ви стане сјајна, свежа и еластична.

ПРОТИВ НОЌНО МОКРЕЊЕ

Медот има својство да ја задржува вода, па така преку ноќ не доведува до напрегање на бубрезите и мочниот меур. Меденета вода превентивно се пие наутро на празен стомак и навечер пред спиење. Секогаш треба да се приготвува свежа медена вода и веднаш да се испие.