ПИЦА ФУРНАРИНКИ СО КАШКАВАЛ: Се печат за 12 минути, за неколку секунди се изедуваат…Од само 200 г брашно се замесува тесто и се добива цел плех вкусни фурнаринки, нема кој не ги сака. Се посипуваат со кашкавал и кога ќе се потпечат стануваат неодоливо вкусни.

Ако замесите поголема количина тесто, поделете го на неколку топки, премачкјате ги со масло и оставете ги во фрижидер на ладна ферментација до 3 дена. По потреба можете да си вадите од тестото и да си печете фурнаринки за само 12 минути. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 5 г сув квасец, 150-170 мл млака вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 200 г брашно, 3+1 лажици маслиново масло. Се остава 1 час на топло место да ферментира.

За премачкување: 25 г растопен путер, малку рузмарин, 1/2 лажичка сол. И уште: 1-2 раце фета/ситно сирење, 150 г рендан кашкавал/моцарела, малку кари по вкус. Се пече 12 минути на 200 степени

ПОСТАПКА: Растворете ги квасецот и шеќерот во млака вода, додајте брашно и сол, па убаво промешајте. Продолжете со додавање брашно додека мешате со лажица, па кога ќе добиете компактно тесто продолжете со рачно месење.

Пред крајот од месењето посипете го тестото со маслиново масло и доработете го додека тоа да стане еластично и мазно. Удрете го неколкупати од работната површина, обликувајте го во топка и вратете го во садот.

Намастете го одозгора и страните со уште една лажица маслиново масло, покријте го со кеса или стреч-проѕирна фолија и оставете да се одмора 1-1.5 час на топло додека убаво да ферментира и да го удвои волуменот.

Потоа развлечете го директно врз парче хартија за печење во праволаголна форма според големината на плехот во кој ќе се пече. Одозгора премачкјате со мешавина од растопен путер во кој сте додале рузмарин/оригано/босилек/лукче и малку сол.

Наросете ситно сирење (фета) и рендан кашкавал. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, а за тоа време оставете го филуваното тесто да одмори. Ставете да се пече 12 минути или додека да зарумени, а кашкавалот одозгора да се потпече.

Извадете и на рамна површина исечете го на стапчиња, па послужете топло или ладно. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „НЕМА ПОДОБРО ТЕСТО ОД ОВА: Идеално е за пица и фурнаринки“ – ОВДЕ.

НЕМА ПОДОБРО ТЕСТО ОД ОВА: Идеално е за пица и фурнаринки