ПИТА СО СИРЕЊЕ…Според рецептот на НАЈДОБРАТА готвачка од Турција! Многу е вкусна, со крцкава надворешност и сочен фил однатре…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша топло млеко
2 чаши топла вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
1 лажица сув квасец
6 чаши брашно (околу 600 г)

За фил (може по желба):
500 г ситно (фета) сирење
1 китка свеж магдонос

За премачкување на тестото:
125 г путер
60 мл масло

И уште:
1 јајце
сусам, ким, црн ким…

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги млакото млеко и вода, додајте квасец, шеќер, масло и јајце на собна температура. Изедначете, па сипете ја солта и започнете постепено да го додавате брашното. Мешајте со лажица.

Кога тестото ќе згусне измесете го тестото со рака. Тоа треба да меко, но да се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го со пластична фолија и оставете го на топло место да ферментира 40 минути.

За фил: измешајте ги состојките. За премачкување: растопете го путерот и помешајте го со маслото.

Стасаното тесто малку премесете го на набрашнета површина, па поделете го на 10 дела. Секој обликувајте го во топче. Покријте ги со кеса и оставете да одморат 10 минути.

Земете едно топче и развлечете го во голема тенка кора. По потреба посипувајте брашно за да не ви лепи. Кората премачкјате ја со растопената маснотија, па започнете го диплењето како за лиснато тесто.

Секоја нова површина при преклопувањето премачкувајте ја со маснотија. Спакуваните „коцки“ или „книги“ редете ги под кеса за да не се сушат додека ги развлекувате останатите теста.

Потоа земете ја првата коцка и малку развлечете ја со оклагија.

По должина наредете фил.

Внимателно свиткајте во ролат и наредете во плех обложен со хартија за печење.

Ролничките исечете ги на помали парчиња, како пинерлии. Одозгора премачкајте со изматено јајце и посипете со семе по желба.

Печете во претходно загреана рерна на 190 степени додека убаво да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.