Пилешки џигерчиња со кромид од рерна… Рецепт и фото на Галин Мони Каменови.
Пилешките џигерчиња се едно од оние јадења што можат да се приготват на различни начини – пржени, варени, на скара или, како во овој случај, печени во рерна.
Ова јадење е идеално за брз оброк кога времето е ограничено, а сепак сакате нешто вкусно и хранливо.

Печењето во рерна е одличен начин да се избегне вишокот масло, а со додавање на кромид добивате природна сочност и богат вкус, пишува НМД.
Џигерчињата се здрави затоа што се богати со железо, протеини и витамини од групата Б, особено Б12, што помага за енергија и здрава крв.
Комбинацијата со кромид не само што го подобрува вкусот, туку и додава антиоксиданти.
Ова едноставно јадење докажува дека не мора многу да се трудите за да добиете вкусен резултат! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– Пилешки џигерчиња (количеството зависи од потребите)
– 1-2 главици кромид (едро исечени)
– Сол по вкус
– Црн пипер по вкус
– Масло (најдобро маслиново или сончогледово)
– НМД
ПОСТАПКА:
Загрејте ја рерната на 180-200°C. Исчистете ги пилешките џигерчиња и ставете ги во сад. Зачинете ги со сол и црн пипер, а потоа додајте малку масло.
Добро измешајте за да се распоредат зачините. Префрлете ги џигерчињата во тава за печење и ставете ги во загреаната рерна.
Печете ги околу 15-20 минути, при што повремено ги мешате за да се испечат рамномерно.
Додајте го ситно исечениот кромид во тавата со џигерчињата и продолжете со печење уште 10-15 минути, додека кромидот омекне и добие златеста боја.
Извадете од рерна, оставете малку да се излади и послужете топло.
Ова јадење е вкусно само по себе, но можете да го комбинирате со свежа салата или пире од компири за целосен оброк. Пријатна вечер и уживајте во вкусот!





































