Фото и рецепт: Катарина Савиќ – печени пиперки со фета сирење

Доколку веќе имате претходно испечени пиперки, излупени и исчистени од семки, спремни за зимница, ова јадење ќе го приготвите многу брзо. Пиперките приготвени на овој начин се многу вкусни и одлични за прилог или предјадење.

Потребни состојки:

-пиперки
-фета сирење
-јајца
-брашно
-презла
-масло

Постапка:

Пиперките испечете ги на рингла, скара или во рерна во плех обложен на хартија. Ставете ги во најлонска кеса додека да подизладат, а потоа излупете ги и исчистете ги од семките. Ако имате вакви пиперки замрзнато, само извадете ги и оставете ги да се одмрзнат.

Во секој пиперка ставете парче фета сирење, па валкајте ја прво во брашно, а потоа во јајца и на крај во презла.

Вака приготвените пиперки редете ги во плех обложен со хартија и намастен со малку масло. Одозгора испрскајте ги пиперките со малку масло и ставете ги да се печат на 200 степени додека да заруменат.

Фото и рецепт: Катарина Савиќ