Имуниот систем претставува нашиот одбранбен механизам против сите несакани инфективни заболувања (предизвикани од различни микроорганизми), но и малку поопшто. Тоа е нашиот одбранбен систем кој треба да го одржи организмот во една т.н. состојба на баланс.

Покрај добрите животни навики како редовната физичка активност, непушењето, минимизирањето и контролирањето на с тресот, некон.сумирањето на ал-ко-холот, можеби најважна е правилната и здрава исхрана.

Постојат неколку намирници кои е потребно да се јадат во голема количина ова лето бидејќи изобилуваат со потребни микронутриенти, антиоксиданси, витамини и минерали кои ќе ви дадат многу енергија.

Цитрусно овошје. Во овој вид на овошки спаѓаат: лимон, портокал, мандарини, цитрони, грејпфрут итн. Како најважна компонента на овие овошки која придонесува за правилната функција на имунитетот се смета витаминот Ц. Овој витамин се поврзува со зголемената продукција на бели кр-вни клетки кои се клучни во бор.бата со сите инфекции.

Телото само не е способно да го произведен овој витамин, па затоа е доста важно да ги кон.сумираме овие овошки. Покрај нив, пиперката и некои други видови зеленчуци се особено богати со витамин Ц.

Брокулa. Не без причина брокулата се смета за супер храна. Таа е богат извор на микронутриенти од различни видови. Полна е со витамин С, А, Е, како и низа на антиоксиданти и растителни влакна. Што помалку третирана, толку подобро.

Лук. Лукот е присутен во сите светски кујни, а кај нас исто така традиционално е присутен во повеќето јадења. Бројни се неговите позитивни влијанија на здравјето. Повеќе научни истражувања укажуваат на моќта на лукот дека влијае на намалувањето на кр-вниот притисок и го успорува стврднувањето на артериите.

Алицинот, заедно со другите компоненти на лукот кои содржат сулфур, има моќно имуностимулирачки дејство. Исто така некои студии укажуваат на негово антибактериско дејство. Потребно е секојдневно да се кон.сумира во исхраната како зачин, но и како лек.

Ѓумбир. Мудриот народ, уште од далечните времиња го користел ѓумбирот заради позитивните ефекти кои искуствено ги увидел. Денес, докажани се повеќе негови позитивни ефекти како: намалување на воспаленијата, ублажувањето на нагоните за повраќање и намалувањето на хроничната б олка.

Спанаќ. Освен што е богат извор на витамин Ц, спанаќот е богат и со различни антиоксиданти, бета каротен.. Овие компоненти можат да помогнат во антивоспалителните процеси со кои се соочува имуниот систем. Слично како и кај брокулите, спанаќот е поздрав кога помалку термички се обработува.

Бадеми. Бадемите се јатки кои што се богати со здрави маснотии, но и со бројни микронутриенти. Изобилуваат со голема количина на калциум, низа на антиоксиданти и големо количество на витаминот Е. Витаминот Е се смета за една од клучните хранливи материи за имуниот систем. Еден оброк со околу 50 г бадеми целосно ги задоволува дневните потреби од витаминот Е.

Зелен чај. Редовното пиење на овој чај е во културата на народите од далечниот исток. Неговото позитивно дејство на имунитетот и општо на нашето здравје е резултат на неговиот богат антиоксидативен состав. Содржи флавоноиди и епигалокатехин галат – моќни антиоксиданти.

Сончоглед. Сончогледот за грицкање или оној со помал процент на масти, често се употребува кај нас. Оваа навика треба да ја задржиме (секако да внимаваме да не е пресолен) поради тоа што сончогледот е богат со витаминот Е. Значајноста на витаминот Е како антиоксидант ја споменавме кај бадемите. Покрај овој витамин, сончогледот е богат и со минерали како фосфор, магнезиум и витамини од Б групата.

Киви. Кивите се присутни на нашиот пазар, особено во овој дел од сезоната. Покрај значителниот процент на витамин Ц кој го обезбедат, кај нив значајно е и присуството на есенцијални хранливи материи како: фолати, калиум, витамин К. За имуниот систем најважен е витаминот Ц, додека другите нутриенти се значајни за други важни функции во организмот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска