Home предјадење Ладно предјадење со кисели краставички – прво се изедува од масата

Ладно предјадење со кисели краставички – прво се изедува од масата

Брзо и едноставно предјадење кое освен што е декоративно, исто така е многу вкусно, па колку и да направам, секогаш прво се потрошува од трпезата, а гостите ми бараат уште и секако, рецепт. Па, еве го рецептот:

Потребни состојки: 150 г шунка, 150 г некое сувомеснато (во рецептот – свинска пастрма/печеница/пршута), 4 варени јајца, 20 г копар, 3 г лук во прав, 300 мл кефир или јогурт, 15 г сенф, 35 г растопен желатин, 10 г сол, 100 г кисели крастравички

Постапка: шунката исечкајте ја на ситни коцкички, а потоа и сувомеснатото по избор. Киселите краставички исечкајте ги поситно, како за руска салата, а потоа и варените јајца.

Сите исечкани продукти ставете ги во еден подлабок сад, па додајте сол, лук во прав, сенф и јогурт. Добро промешајте за да се изедначат состојките, а на крај додајте растопен желатин.

Желатинот прво растворете го со вода според упатството на кесичката, а потоа растопете го на тивок оган или во микробранова. Добро промешајте. На страна исечете го врвот на едно пластично шише.

<

Целата приготвена смеса со помош на кутлачата префрлете ја во пластичното шише и оставете го во фрижидер еден час за да се олади и стегне.

Потоа „саламата“ извадете ја од шишето и сечете ја на тркалца со дебелина од 1 см или по ваша желба. Проследете го и бонус рецептот:

НОВОГОДИШНО ЛАДНО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Го правам преку цела година, никогаш не е доволно, зашто прво тоа се изедува

Потребни состојки за бонус рецепт: 150 г димени пилешки гради, 150 г шунка, 4 варени јајца, 1 китка свеж копар, 15 г сенф, 10 г сол, 3 г лук во прав, 300 мл кефир или јогурт, 35 г растопен желатин.

Постапка: димените пилешки гради исечкајте ги на ситни коцки, а потоа и шунката. Варените јајца исечкајте ги исто како и во претходниот рецепт. Една китка копар исечкајте колку можете поситно.

Состојките измешајте ги во подлабок сад. Додајте ги сите зачини, сол, сув лук, сенф и на крај прелијте со јогурт. Промешајте и додајте го растопениот желатин, па уште еднаш измешајте за да се изедначат состојките.

Постопете исто како и претходно: смесата складирајте ја во пластично шише на кое претходно сте му го отсекле врвот, покријте го одозгора со фолија и оставете да се лади во фрижидер еден час.

Целата постапка од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.