Морковот има антивоспалителни и поттикнува потење. Исто така, исклучително е благотворен и кај дишните тегоби: помага во настинки, кашлица, бронхитис, астма.

Поради содржината на големи количини од бета-каротен (каротеноиди, т.е. витамин А), морковот е добар за очи и традиционално е познат како „храна за вид.“

Го помага јакнењето на имунитетот и ја подобрува работата на цревата. Исто така,има одличен ефект и кај хемороидите, а има и антисептично дејство. Морковот е многу делотворен во уни.штувањето на хеликобактеријата.

Многу е ефикасен и во смирување на симптомите предизвикани од хеликобактеријата како што се: подуен стомак, киселини во желудникот, мачнина, повраќање, изостанок на апетит, ненадејно сла.беење.

Потребни состојки: 1 кг моркови, 200 г шеќер, 4 литри вода, 5 ќесички лимонтус.

Постапка: Излупете ги морковите, измијте ги добро и исечкајте ги на прстени. Ставете ги во сад, истурете 2 литри ладна вода и сварете ги на овој начин. Кога морковите ќе омекнат, процедете ги од водата во која сте ги готвеле и изблендирајте ги.

Добиената каша вратете ја во истата вода, додајте го шеќерот, лимонтусот и уште 2 литри вода. Гответе ја содржината уште половина час, мешајќи повремено. Кога сокот малку ќе се подизлади, претурете го во чисти стерилизирани шишиња и завиткајте го во ќебе.

Оставете ги шишињата во ќебе да се изладат преку ноќ, а потоа чувајте го на ладно и темно место. Забелешка: Ако имате проблем со шеќер или внимавате на исхраната, наместо шеќер, во сокот додајте мед или некој друг природен засладувач по ваш избор. Многу е вкусно ако сокот го комбинирате со сок од јаболко, портокал или лимон.

Честопати се случува, луѓето ширум светот да се излечат од рак и да ја стават болеста во регресија, користејќи ја природата и природните лекови. Некои успеле да го сторат тоа со сок од моркови.

Природно масло за сончање од морков. Потребни состојки: 250 мл маслиново масло, 1 изрендан морков, 5 – 6 зелени ореви, неколку цветови невен. Постапка: Ладно цедено маслиново масло ставете го во чиста тегла.

Морковот изрендајте го на ситно. Оревите исто така се сечкаат на ситно. Се додаваат 5 – 6 зелени ореви на 250 мл масло и 1 морков. Зголемете ја количината по потреба. Доколку имате неколку цветови невен, додајте ги и нив.

Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на сонце 40 дена. Не се остава на силно сонце. Доколку сонцето на кое стои теглата е силно, завиткајте ја во проѕирна фолија избоцкана на неколку места.