Овен и Бик

Овните имаат силна волја, а Биковите се познати како тврдоглави. Можете ли да ја замислите оваа борба?

Бик и Стрелец

Постојат моменти во кои Бикот сака да ужива во тивката вечер дома, но Стрелецот речиси секогаш сака да излезе надвор и да прави нешто забавно. Така Стрелците се повеќе од она што Биковите можат да издржат, а многу често и не ја земаат работата сериозно што може да биде фрустрирачко.

Близнаци и Јарец

Сакате љубовна катастрофа? Само спојте ги овие два хороскопски знаци: Близнаците, се познати по нивната љубов кон разговорот и забавата и Јарците, кои се големи зависници од работата, сакаат да го испланираат речиси секој момент од својот живот. Таквата неспонтаност, Близнаците бргу ќе ги оддалечи.

Рак и Водолија

Tие бараат некој кој ќе биде целосно со нив. Исто така, специјално ќе мислат дека Водолиите не им се потребни, кога тие ќе почнат да им укажуваат на грешките, што е многу веројатно дека тоа и ќе го направат.

Лав и Скорпија

Скорпиите нема да се заблагодарат ниту пак да даваат премногу комплименти, а Лавовите копнеат по такви нешта. Исто така, Лавовите сметаат дека се многу шармантни и сакаат да флертуваат, што на Скорпиите нема да им се допадне, бидејќи имаат тенденција да бидат многу љубоморни.

Девица и Стрелец

Ниту еден од овие знаци вистински нема да се обврзе. Според мислењето на Девиците, Стрелците често можат да бидат премногу безгрижни и не водат премногу сметка за тоа дека нивните постапки можат да им наштетат на другите луѓе, што е црвено знаменце.

Вага и Девица

Девиците често можат да бидат премногу критични, поради што Вагите почнуваат да се преиспитуваат, но и како секогаш да мора да бидат во право, што логично може да оди многу на нерви, па не мораме ништо понатаму да објаснуваме.

Скорпија и Овен

Зборовите кои го опишуваат односот на овие два знака се “експлозивност”, “воинственост” и “интензивност”, што не е добра работа кога станува збор за вистинскиот живот. Двата знака така сакаат да имаат целосна контрола и да бидат на врвот, а тоа е рецепт за катастрофа.

Стрелец и Јарец

Покрај тоа што меѓу овие знаци недостасува сексуална хемија, Стрелецот би можел во овој однос да биде доста фрустриран, бидејќи Јарецот нема да има премногу толеранција за неговата потреба за забава.

Риба и Девица

Рибите се најчувствителниот хороскопски знак, но, исто така, многу сонлив, додека Девиците се практични и спуштени се на Земјата. Иако, позната поговорка вели дека спротивностите се привлекуваат, во овој случај тие само се судираат. Но пријателството сигурно ќе функционира.

Водолија и Бик

Водолиите сакаат да бидат необични и боеми, Биковите се материјалисти и многу поконзервативни, па можеби е подобро да побараат партнер на друго место.

Близнаци и Рак

Оваа двојка може да успее, ако двајцата имаат добра смисла за хумор. Раковите сакаат да бидат дома, а Близнаците да одат на забави. Но, ако имаат иста смисла за хумор, тоа би можело да успее, како и тоа ако Близнакот покаже малку трпение за партнерот. Тие не се најлошиот пар, но сепак ќе имаат свои предизвици.

Извор: Република