Home пита Ова е највкусното нешто што сум го јадела во последно време…ВИТКАНА ПИЦА…Прсти...

Ова е највкусното нешто што сум го јадела во последно време…ВИТКАНА ПИЦА…Прсти да излижеш…Секој може да ја направи…

Ова е највкусното нешто што сум го јадела во последно време…ВИТКАНА ПИЦА…Прсти да излижеш…Секој може да ја направи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 лажица шеќер 20 г
1 лажица сув квасец 10 г
1 лажичка сол 8 г
2.5 чаши топла вода 500 мл
60 мл масло
7 чаши брашно 840 г

За фил:
2 супени лажици доматна паста 80 г
100 г рендан кашкавал / чедар
магдонос
20 г путер
50 мл масло

ПОСТАПКА:

1. Сите состојки помешајте ги во подлабок сад и со постепено додавање на брашното замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Оставете го покриено во намастен сад за да ферментира 30 минути или додека го удвои волуменот.

<

2.Стасаното тесто нежно премесете го на малку набрашнета површина и поделете го на 6 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.

3.Со помош на оклагија развлечете кора со правоаголна форма и премачкјате ја со доматна паста.

4.Одозгора посипете рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос, па внимателно свиткајте ролат.

5.Ролатот исечете го надолжно на половина. Едната половина свртете ја со пресечениот дел надолу, а горниот дел (тестото) премачкјате го со путер.

Одозгора поставете ја втората половина, но со пресечениот дел да гледа нагоре. Пртиснете со рака за да се залепат.

6.Свиткајте спирално и наредете во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со преостанатите теста.

7.Покријте ја питата со кеса и оставете да одмори 10-15 минути или додека да се загрее рерната на 180 степени. За тоа време малку ќе го зголеми волуменот.

8.Исечете ја на помали парчиња (секоја лента на 4) и ставете да се пече на 180 степени 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.