Оригинален унгарски гулаш…Вкусен рецепт за едно од највкусните јадења во светот
Гулашот според оригиналниот унгарски рецепт е едно од најпознатите јадења од унгарската кујна. Ова богато и заситно јадење е комбинација од месо, зеленчук и ароматични зачини, совршено за семејни оброци. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г говедско месо (сечкано на мали коцки)
2 главици кромид (ситно сечкан)
2 моркови (ситно сечкани)
1 свежа пиперка (ситно сечкана)
1 домат (сецкан)
1 корен од магдонос (сечкан)
1 корен од целер (сечкан)
3 чешниња лук (ситно сечкани)
4 средни компири (исечени на коцки)
4 лажици растително масло
Зачини:
1 лажица мелен црвен пипер
вода (по потреба)
1 ловоров лист
1 лажичка ким
сол (по вкус)
црн пипер (по вкус)
1 лута пиперка (по избор)
магдонос (за посипување)
ПОСТАПКА:
Во тенџере ставете 4 лажици растително масло, загрејте го и пропржете го кромидот додека да омекне. Додајте 1 лажица мелен црвен пипер и кратко пропржете.
Додајте го месото, пржете 5 минути, па додајте го зеленчукот (пиперки, домати, лук).
Истурете вода, поклопете и динстајте на тивок оган 90 минути.
По час и половина додајте ги морковите, коренот од магдонос, целерот, ловоровиот лист, кимот, солта, црниот пипер и лутата пиперка. Дотурете вода, промешајте, поклопете и варете уште 20 минути.
Додајте ги компирите и варете уште 25 минути додека компирот да омекне. На крај посипете со магдонос и послужете.
Совети: Оваа чорба има богат вкус и може да трае неколку дена. Пробајте и уживајте! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: