Овен

Во втората недела од Декември, Марс влегува во Вага, што значи влегувате во предизвикувачки период. Марс може да ви донесе разни конфронтации и несогласувања, особено на деловен план. Ќе бидете подготвени да жртвувате многу, поради личните амбиции. На љубовен план треба да ги споите убавото и корисното.

Декември е идеален месец да одите на патување.

Бик

Во првиот дел од месецот Венера ќе ве тера на патувања и секој вид усовршување. Младите Бикови треба да ја искористат приликата за студии, затоа што ќе бидат успешни на тој план. Декември е поволен за спонзорства и наследство.

Можете лесно да го решите проблемот со некои големи пари. Во работата ве очекува динамичност и потреба да се докажувате. Токму на работното место можно е да ви се случи некоја романса со припадник на знакот Вага.

Близнаци

Влегувањето на Меркур во седмото поле ви носи подобра позиција во јавноста. Излегувате од кризниот период и имате големо влијание на личностите кои ги сретнувате.

Многу припадници на вашиот знак ќе бидат посветени кон партнерот. Со Вага, Лав и Стрелец можете да остварите добри преговори на работен план.

Рак

Овој месец ќе имате успех во деловните преговори. Тоа подразбира дека реализацијата на вашите планови ќе оди подобро од што сте очекувале. Тоа може да ви донесе поголема заработка. На многумина ќе им делувате шармантно и предизвикувачки, а може да ве привлече и еден резервиран Јарец.

Внимателно во односите во круг на семејството, можни се расправии со некој член.