Home Останато Хороскоп Одберете елка и дознајте каква година ве очекува

Одберете елка и дознајте каква година ве очекува

Наскоро ќе биде Нова година, омилениот празник од нашето детство, празник кој мириса на борови иглички, мандарини и руска салата.

​

Во исчекување на новогодишната ноќ, решете го овој симпатичен тест.

​

Одберете елка која најмногу ви се допаѓа и дознајте каква година ве очекува:

​

Елка бр.1

​

<

Годината за вас ќе биде УСПЕШНА. Една од поуспешните во вашиот живот. Важно е правилно да ги распоредите приоритетите, да одберете област, цел која ви е посебно важна, и да не ја трошите силата и времето на други работи. Многу ќе постигнете, ако од самиот почеток го одберете вистинскиот пат.

​

Елка бр.2

​

Годината за вас ќе биде ВЕТУВАЧКА. Ќе ви се чини дека, одеднаш, целиот свет се сетил на вас, на сите ќе им бидете потребни. Тоа е навистина така. Ќе имате мноштво планови за сите сфери од животот. Нема веднаш да се остварат, но некои од проектите ќе станат темел на вашата иднина.

​

Елка бр.3

Годината за вас ќе биде ВЕСЕЛА. Дури, иако сте со многу сериозно расположение, тоа нема да ве спречи од срце да се забавувате во вовата година. За веселба и забава ќе имате многу причини, вашето смеење и искрена насмевка ќе привлече многу добри луѓе, како на работа, така и во личниот живот.

​

Елка бр.4

​

Годината за вас ќе биде НЕОБИЧНА. Дури и да ве предупредеа однапред, и натаму немаше да поверувате. Годината толку многу ќе се разликува од вашиот живот во целина, што нема да престанете да се изненадувате. Запамтете: необично, ново – не значи лошо. За вас – сигурно!

​

Елка бр.5

​

Годината за вас ќе биде СПОКОЈНА. Никакви превирања, никакви непријатни изненадувања, се’ ќе оди постепено и сразмерно, токму онака како што посакувавте. Оваа година ќе земете здив, ќе одморите и ќе соберете сила за сериозен чекор напред.

​

Елка бр.6

​

Годината за вас ќе биде РОМАНТИЧНА. Можеби и една од најромантичните во вашиот живот. Се’ ќе биде проникнато со розова нежност и топлина. Таа ќе ве обвитка и ќе ви подари највозвишени чувства, задоволство поради она што се случува.

​

Елка бр.7

Годината за вас ќе биде ВЕЛИКОДУШНА. Сакате многу, сакате сешто што ќе ви падне напамет. Некој внимателно ќе ги слуша вашите желби и ќе ги исполнува, од време на време. Но, бидете внимателни, исполнувањето на желбите не носи секогаш среќа. Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни! J

​

Елка бр.8

​

Годината за вас ќе биде БАЈКОВИТА. Дури и ако сте апсолутен скептик и циник, во оваа година ќе се случи нешо толку убаво и чудесно, што нема да можете за тоа да најдете научно објаснување. Ќе се најдете во бајка, во чудо и сами ќе се претворите во херој победувајќи го змејот.

​

Елка бр. 9

​

Годината за вас ќе биде ДОБРА. Светот ќе ги покрие своите заби и канџи. Ќе го смените својот агол на гледиште: отсега ќе чувствувате манифестации на универзална добрина. Ќ есфатите дека добрината е – заштита и оружје.​

​