Никогаш не сум зготвила толку вкусни тиквички…Вкусно, заситно и лесно…Отсега само вака ќе ги правам…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (1 чаша = 250 мл):

2 тиквички
1/2 чаша лебни трошки
1/3 чаша брашно
4 јајца
сол, црн и црвен пипер, зеленчукова мешавина (вегета)
100 г пармезан/рендан кашкавал

За прилог:
1 главица кромид
200 г спанаќ
2 чешниња лук
1 чаша кисела павлака 250 г
растително масло за пржење

ПОСТАПКА:

1. Тиквичките исечете ги на шницли со дебелина од 1 сантиметар.
2. Со кујнски чекан омекнете ги од двете страни.
3. Зачинете ги со сол и црн пипер.

4. Измешајте лебни трошки (презла) и брашно.
5. Изматете ги јајцата со црвен пипер и вегета, па додајте го ренданиот кашкавал.

6. Тиквичките извалајте ги прво во презла, па во смесата со јајца и ставете ги во тава со умерено загрено масло.

7. Пржете ги 5-7 минути додека да заруменат од двете страни. Вадете ги врз хартиена салветка.

8. Исечкајте го кромидот, па испржете го во растително масло додека да омекне.
9. Исечете го спанаќот, додајте го во кромидот.

10. Динстајте 3-5 минути додека да омекне.
11. Додадете сечкан лук и павлака.
12. Промешајте и оставете да се готви 2 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=V-GTf1oUsO4