Некои хороскопски знаци ги очекува бурен крај на неделата, а некои финансиска и морална поддршка

Овен (21.03 – 20.04)

Викендов ќе добиете некакви инфорамции кои најверојатно ќе бидат погрешни и ви се испратени со цел да потфрлите. Се плашите дека саканото лице може да ве остави.

Бик (21.04 – 21.05)

Имате огромна потреба на луѓето од вашата околина да им објаснувате што и како треба да прават. Време е да престанете со тоа. Зафатените Бикови ги очекува пријатен викенд со саканото лице.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу е рано за конкретни промени на работа. Не се нервирајте, дадете си малку време. Можни се расправии и со саканото лице, не ги продлабочувајте, смирете ги.

Рак (22.06 – 22.07)

Колегите ве опоменуваат дека е време да го промените однесувањето. Послушајте ги. Нема потреба да го провоцирате партнерот. Тоа нема да ве одведе таму каде што сакате да стигнете.

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов ќе бидете поимпулсивни од вообичаено. Можно е да повредите некоја личност. Кога станува збор за партнерот, не се возбудувајте околу некои небитни ситници.

Девица (23.08 – 22.09)

Поминувате премногу време на работа, затоа викендов заборавете на работата и посветете му се на семејството и партнерот. Смислете мали слатки изненадувања за сите.

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку сметате дека туѓиот план не е доволно добар, направете свој, но не потценувајте никого. Ќе згрешите во некои постапки и ќе загубите многу. Некои лица кои ви биле верни, ќе ви завртат грб.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе биде потребно да соберете неколку контакти за да стигнете до посакуваната цел. Бидете внимателни и обратете им се на вистинските лица. Слободните Шкорпии овој викенд ќе имаат одлична шанса.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако сакате да ги постигнете сите нешта кои сте ги зацртале, ќе биде потребно да побарате помош од партнерот, и финансиска и морална. Седнете и направете искрен муабет. Непотребно се грижите за однеусвањето на некои лица.

Јарец (22.12 – 20.01)

Насочете ја вашата енергија кон позитивните нешта. Погледнете околу себе и ќе видите дека постојат многу причини за радување. Овој викенд е одличен за поминување со друштвото и партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе дојде до кавга со некое ваше драго лице. Не се обидувајте да го омаловажите, многу ќе погрешите. Премногу е рано да донесувате тешки одлуки. Со партнерот ќе имате различни размислувања, а тоа за вас ќе биде проблем.

Риби (20.02 – 20.03)

Почитувајте го мислењето на околината, тоа најискрено ќе ви го покаже вашиот напредок. Некој неочекуван повик ќе ве изненади пријатно. Пронајдете начин и време како да ја исфрлите негатвната енергија.

Loading...