Познато е дека пирошките најчесто се прават со квасно или бесквасно тесто, но овојпат испробајте ја и верзијата со мелено месо и компир. Ова се дефинитивно најдобрите пирошки што сум ги пробала во последно време, а кога ќе ги пробате и вие, ќе ви стане јасно за што говорам. Еве што ви е потребно според рецептот на Алена Митрофанова:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г компир, 400 г мелено месо по избор, зачини: сол, црн и црвен пипер по вкус, малку магдонос и мирудија по вкус, 1 чешне лук, 1 страк праз, 1 домат, 2 јајца и 400-500 г брашно




ПОСТАПКА: Компирите излуоете ги, измијте ги добро, па исечете ги на средно големи парчиња, приближно со еднаква големина за да можат рамномерно да се сварат. Ставете ги во поголемо тенџере, прелијте ги со вода и ставете ги на оган.




Кога ќе зоврие водата додајте една лажичка сол, намалете ја температурата, поклопете и продолжете го варењето додека компирот да омекне. Додека тој се вари, вие подгответе го останатиот зеленчук.




Колку можете поситно исечкајте една голема главица кромид, а исто така и еден средно голем домат. Во широка тава ставете малку масло да се загрева на умерена температура, па додајте го кромидот и пржете го приближно две минути или додека да омекне и застакли.




Потоа додајте го меленото месо (јас имав пилешко) и продолжете да ги пржите заедно со непрекинато мешање додека месото да ја смени бојата и да испари вишокот течност. Посолете, запиперете и додајте ги сите ваши омилени зачини и добро промешајте за да се распоредат.




Потоа додајте едно чешне мелено лукче и ситно сечканиот домат, па продолжете со динстање уште две-три минути или додека да омекне зеленчукот и да испарат вишокот течности. За тоа време компирите треба да се сварени, па процедете ги од водата и испасирајте ги.




Кога пирето од компир малку ќе подизлади, директно во него скршете две јајца, додајте го издинстаното мелено месо, ситно сечкан млад кромид, магдонос и други свежи зачински билки по ваш избор, брашно и една лажичка сол. Измешајте добро прво со лажица, а потоа и со рака.




Ова тесто малку е лепливо, па зато дланките мора добро да ги намастите, па да црпенете со лажица од тестото и да ги обликувате пирошките. Потоа пржете ги во тава на малку масло додека да заруменат од двете страни (на умерена температура), или пак печете ги во загреана рерна на 180 степени во намастен плех, додека да заруменат.

По желба можете да ги премачкате со жолчка одозгора и да ги посипете со сусам, или пак пред крајот од печењето да им изрендате малку кашкавал.Секако се многу вкусни. Деталите погледнете ги ОВДЕ.