Еве една фантастична идеја за вкусен ручек кој можете да го послужите со компир пире, рижото или мешан зеленчук по избор. Кога сакате на вашите најмили да им зготвите нешто вкусно за ручек, тогаш гулашот е секогаш најдобрата идеја. Првиот рецепт се приготвува со свинско месо, а вториот со пилешко. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г свинско месо, 2 лажички соја сос, 1 лажичка ворчестер сос, сол, црн пипер и ким по вкус, 150 г кромид, 150 г свежи шампињони, 1/2 страк праз, 1 голема пиперка, 3 чешниња лук, 200 мл доматен сос, 300 мл булјон (или растворена коцка за супа), 1 лажичка скроб/нишесте

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г пилешко бело месо (филе), 300 г кромид (2 големи главици), 1 голем морков од 80-100 г, 2 чешниња лук или по вкус, 60 мл масло за готвење, 1 рамна супена лажица зачински црвен пипер во прав, сол, црн пипер и зачин (вегета) по вкус, 150 мл доматен сос, 100+400 мл вода, ловоров лист и кари по вкус




ПОСТАПКА за рецепт 1: исечете го месото на помали коцкички, ставете го во еден подлабок сад и зачинете го со соја сос, ворчестер сос и соте други останати зачини. Измешајте добро со раце за да се распоредат рамномерно сите зачини. Покријте го месото со кеса и оставете го половина час во фрижидер.




За тоа време подгответе го зеленчукот, измијте го, исчистете го и исечкајте го. Во тава со загреано масло прво пропржете го месото додека тоа да ја промени бојата и да зарумени, а потоа со решеткава лажица извадете го во посебен сад.




Во истата тава додајте ги печурките и кромидот. Кога ќе се издинстаат и ќе испари вишокот течност што природно го испуштаат, додајте го доматниот сок, па пиперката и ситно сечканото лукче. Промешајте за да се распоредат сите состојки рамномерно.




Кога ќе се издинста зеленчукот, префрлете го во тенџере во кое претходно го ставивте месото. Додајте булјон (ако немате, во вода растворете коцка супа), а скробот промешајте го со малку вода, па и него додајте го. Промешајте убаво. Ако сакате малку попикантен вкус додајте чили сос, па гответе следните 5-10 минути и послужете. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Кромидот исечкајте го најситно што можете. Во длабока тава или тенџере сипете масло (50-60 мл) колку да се покрие дното, па загрејте го на умерена температура. Додајте го сечканиот кромид и динстајте го неколку минути. Потоа додајте рендан морков, промешајте и продолжете со динстање уште 5-6 минути.




Ситно исечкајте две чешниња лук (или повеќе), па додајте ги во омекнатиот зеленчук. Динстајте уште 2-3 минути. Кога ќе испари сокот од зеленчукот, додајте 100 мл топла вода. Промешајте и продолжете со динстање на тивко, а за тоа време пилешкото месо исечкајте го на коцки со величина на залак или по желба. Кога водата ќе испари, во зеленчукот додајте го и месото.




Промешајте и динстајте додека месото да осветли и додека сокот кој го испуштил да испари, за 12-15 минути или во зависност од температурата. Потоа додајте една рамна лажица алева пиперка во прав, сол, црн пипер и зеленчуков зачин (вегета) по вкус. Промешајте и динстајте уште кратко време колку да се соединат и изедначат вкусовите. Потоа додајте 150 мл доматен сос и залијте 400 мл топла вода.




Додајте два ловорови листови, промешајте, поклопете и динстајте на тивко 45 минути со повремено промешување и проверување дали има доволно течност. Ако додавате течност, по додавањето треба да крчка уште 15 минути. Ако е потребно додајте уште малку сол и кари по желба. Постапката за рецепт 1 погледнете ја ОВДЕ, а постапката за рецепт 2, ОВДЕ.