Солените кнедли од компир се еднакво вкусни како и оние слатките, а после овој рецепт ќе се уверите во тоа. Кнедлите се направени со компир и полнети со месо и кашкавал, меки се и сочни со неверојатно примамлив вкус. Секој бара уште едно парче за оброк. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800-900 г компир, 3-5 супени лажици млеко, 30 г путер/маргарин, 1 ловоров лист, 1 рака свежа мирудија/копар или магдонос, 450 г мелено месо, 1 главица кромид, 50 г кашкавал, сол и срн пипер по вкус, 1 жолчка за премачкување




ПОСТАПКА: компирот излупете го, убаво измијте го во ладна вода, па исечете го на средно големи коцки, приближно со еднаква големина за да се сварат рамномерно. Ставете ги во тенџере со вода, додајте една мала лажичка сол и еден ловоров лист, па ставете на оган да се вари.




Повремено проверувајте со виљушка дали се омекнати, па кога ќе се сварат, процедете ги од водата, додајте парче путер и малку млеко, зачинете по вкус и додајте ситно сечкан копар, па со специјална пасирка направете изедначено пире. Наместо копар може да употребите свеж магдонос или ситно сечкани зелени перца од млад кромид.




Една средно голема главица кромид исечкајте ја најситно што можете, па додајте ја во меленото месо. Зачинете по вкус со сол, црн пипер во прав, мелен ким, лук во прав, сув зеленчуков зачин – вегета или буковец (сè по вкус).




Добро измесете со рака додека сите зачини да се распоредат рамномерно и да се појават едед вид конци во месото што е знак дека е добро промешано и може лесно да се обликува. Настрана исечете коцки или правоаголници од кашкавал, а може и да го изрендате.




Сите три главни состојки одокативно поделете ги на приближно еднакви делови: кашкавалот, мешавиното од мелено месо и компировото пире. Во нашиот случај ги поделивме на шест делови за да добиете шест големи кнедли-порции.




Со намокрени раце зафаќајте од меленото месо, исплескајте го со дланките, во средината поставете парче кашкавал, па формирајте ќофте со облик на топче. Постапката повторете ја додека да се потроши меленото месо, односно да обликувате шест топки со кашкавал во средината.




Потоа, на ист начин црпете од компир пирето, сплескувајте со дланките и убаво обложете го топчето од мелено месо, да се покрие од сите страни. Вака спакуваните кнедли редете ги во намастен огноотпорен сад и одозгора премачкјате ги со изматена жолчка.

Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 минути или додека убаво да заруменат. Кога се печени оставете ги малку да подизладат, па послужете ги топли со некој сос или сезонска салата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.