Највкусната мусака каква не сте пробале досега…Поинаква од класичната…
Мусаката е едно од омилените јадења на нашето семејство, но овј нов начин на приготвување на сите им се допадна дури и повеќе од класичната. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1.5 кг компир
500 г мелено месо
1 главица кромид
1 морков
100 мл млеко
малку путер
зачини по вкус
150 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Компирот исечете го на коцки и сварете го. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги и пропржете ги на малку масло. Додајте го месото и донстајте додека да ја промени бојата. зачинете по вкус.
Во варениот компир сипете млеко и малку путер, па направете пире. Зачинете по вкус. Половина распоредете во намастен огноотпорен сад, а врз пирето распоредете ја смесата од месо. Одозгора завршете со пире и рендан кашкавал.
Ставете да се пече 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: