Home закуска Највкусен појадок или вечера од тиквички кои се повкусни од месо…Сите го...

Највкусен појадок или вечера од тиквички кои се повкусни од месо…Сите го бараат овој рецепт…

Највкусен појадок или вечера од тиквички кои се повкусни од месо…Сите го бараат овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 голема тиквичка
1 компир
1 мала главица кромид
2 јајца
1 чаша лебни трошки (презла)
50 г фета сирење
1 чешне лук

Зачини:
сол, црн пипер, црвен пипер,
1 лажица ситно сечкан магдонос
1 чешне лук

Сос:
2 лажици павлака
малку сол и црн пипер
половина лажица оцет
1 лажица магдонос и
1 чешне лук по вкус (не мора)

ПОСТАПКА:

1.Тиквицата излупете ја и изрендајте ја, а потоа истото направете го и со компирот. Посолете со мала лажичка сол, промешајте и оставете кратко време да се ослободат соковите. Потоа убаво процедете го и истискајте го низ раце.

2.Додајте јајца, лебни трошки, ситно сечкан кромид, фета сирење, ситно сечкано лукче и магдонос, и зачини по вкус.

3.Измешајте добро, најдобро со рака, за сето да се соедини во густа смеса која лесно се обликува со раце. Обликувајте ги ќофтињата и редете ги во чинија посипана со лебни трошки.

4.Ќофтињата пржете ги умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни по 5 минути под капак. Послужете ги со сос од кисела павлака или по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.