Меки и миризливи турски ќофтиња…Рецепт кој вреди да го пробате!

Брзо, лесно и вкусно – овие ќофтиња се совршен избор за секој ден! Со минимален број состојки и едноставна подготовка, ќе добиете сочни и миризливи ќофтиња кои ќе ги воодушеват и најпребирливите.

Идеални се за брз ручек или вечера, а можете да ги послужите со пире од компири, ориз, тестенини или зеленчук. Одлично се комбинираат и со сос од домати или со свежа салата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г мелено месо
1 главица кромид, ситно сечкан и пржен
4 чешниња лук
1 јајце
1 рендан компир, истискан
2 лажици лебни трошки (презла)
сол, црн и црвен пипер
сув зачин по вкус
1 лажичка прашок за печиво
ммалку масло за пржење

ПОСТАПКА:

Во блендер ставете го месото и измешајте го со сите состојки во поголем сад. Додајте го ренданиот компир и пржениот кромид со лукчето, како и лебни трошки и малку прашок за печиво.

Мешајте додека да добиете компактна смеса. Оставете во фрижидер малку да одмори, а може и веднаш да продолжите. Од смесата обликувајте мали топчиња и пржете ги на масло додека да заруменат од двете страни.

Погледнете го видео рецептот и уживајте во подготовката – ОВДЕ: