Ова е одлична погача за вечера која ќе биде на вашата маса за 30 минути. Мека, сочна и вкусна.

Потребни состојки:

300 г бело брашно
3 јајца
200 мл кисело млеко
150 мл млеко
100 мл масло
1 прашок за печиво
1 лажичка сол

Постапка:

Во вангла ставете брашно, прашок за печиво и сол па промешајте и додадете ги останатите состојки.

Тепсијата намастете ја па истурете го тестото. Рерната вклучете ја на 220 степени, па кога ќе се загрее, ставете ја погачата да се пече додека убаво да зарумени.

Послужете додека е топла со кајмак, домати, ајвар, младо кромитче…

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: