Маточина: билката која ја враќа радоста во вашиот живот – проверете КАКО

Маточината е една од ретките билки кои истовремено се лековити, мирисни, украсни, зачински, ароматични, медоносни и имаат индустриска примена.

Францускиот билкар Морис Месеж рекол: „За мене оваа билка е кралица на сите стимулирачки билки. На несреќните љубовџии, нервозните, анксиозните, на оптеретени жени, на оние со многу проблеми им ја советувам оваа волшебна билка која го обновува организмот, ја враќа снагата и радоста во животот.“

Оваа прекрасна билка со угоден лимонов мирис е сродник со жалфијата и лавандата.

Пчелите го обожуваат, па затоа носи име маточина (лат.Melissa officinalis), а го нарекуваат и мелиса, матичник, лимонче, лимунка, пчелина метвица, мачина трева…

Во народната медицина се цени и се користи уште многу одамна.

Плиниј го препорачувал за лекување на очи, Света Хилдегард за лекување на депресија, Парацелзиус го нарекол еликсир на животот, а постојат белешки дека и на Шекспир, исто така, му била омилена билка.

Лековито дејство на маточината

Направени се повеќе студии за да се испита лековитото дејство на маточината, особено за тоа како делува врз стрес, несоница и напнатост, а сите ја потврдиле неговата ефикасност.

Во комбинација со билката валеријана е еднакво делотворна како и синтетичкиот лек за смирување – триазолам, но за разлика од него не предизвикува нуспојави.

Докажано е дека маточината ја подобрува концентрацијата и поттикнува подобро размислување и побрзо решавање на текстуални и сликовити задачи.

Исто така, се смета дека поради антиоксидантите кои ги штитат клетките од оштетувања, маточината им помага на заболените од Алцхајмерова болест.

ESCOP (Европски научен фитотераписки комитет) официјално ја одобри оралната употреба на маточината за напнатост, немир и раздразливост.

Сок од маточина

100 г свежи листови
3 лимони
3 литри вода
3 лимонтуси
3 кг шеќер

Лимоните и билката се мијат во ладна вода. Билката се потопува во 3 литри вода и се остава 24 часа. Потоа се додава пеќерот и лимонот исечен на тркалца. Се става на оган еден клуч колку шеќерот да се растопи. Мешајте цело време за да се пушти повеќе сок од билката. Пред крај може да се додадат лимонтусите, да се промеша за да се растворат. Топлиот сируп се складира во загреани стерилизирани шипиња.

Коментар на Велика Сапламаева Цветковска:

”Ovaa bilka. cvet ili plod od glog i listovi od maslinka pomesano ednakvi kolicini se sitnat suvi. Vo pola litar provriena voda se stava 3-4 lazici suv caj. se trga od ogan i stoi najmalku 1 cas .Se proceduva i se pie 3-4 pati vo denot po 250 ml . Ako se pridrzuvate po ova kako pomosno sredstvo i pritisokot ke vi se normalizira. Deluva smiruvacki gi cisti krvnite sadovi.Za tie sto imaat hipertenzija navwcer da iseckat 1-2 cesninja bel luk i da go goltnat so voda. Jas licno go prajtikuvam ova .Si imam matocina vo dvorot. Napomenuvam deka kaj site sto primat lekarska terapija da si ja primat. a ova da go koristat kako pomosno sredstvo! Se koristi i kako prwventiva nena nikakva steta. Pozzzz”

Loading...