Ефикасен лек со ЛУК за чистење на АРТЕРИИТЕ после кој НЕ МИРИСАТЕ на лук!

Комбинацијата од овие супер-здрави намирници има одлични ефекти за здравјето на целото тело.

Потребни состојки:

 4 лимони со кора (обидете се да набавите органиски)

4 големи главици лук (да не биде кинески)

1 помало парче корен од ѓумбир (3-4 см)

2 литри вода

Постапка:

Измијте ги лимоните па исечете ги на парчиња.

Излупете ги лукот, па заедно со лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер.

Добиената смеса истурете ја во подлабок сад. Прелијте со 2 литри вода и ставете на оган. Пред да зоврие, тргнете го садот и оставете да излади.

Процедете низ средна цедалка, па складирајте во стаклени шишиња и чувајте во фрижидер.

УПОТРЕБА:

Секој ден се пие по 100-150 мл, најмалку 2 часа пред јадење или на празен стомак.

Третманот трае 3 седмици, по што се прави пауза од една седмица и се продолжува со уште еден циклус, по потреба.

Овој природен лек ги прочистува артериите, спречува создавање на калцификати во организмот (камења).

Комбинацијата со лимон, вода и кратката термичка обработка ја неутрализира миризбата на лукот, па затоа не мора да се грижите за непријатниот здив.

Пред секоја консумација добро потресете го шишето, бидејќи од стоење ќе се создава талог.

Loading...