Рецепт за летни ќофтиња од тиквички и пилешко месо
Летото носи изобилство од свежи состојки, а овој рецепт за ќофтиња од тиквички и пилешко месо е совршен начин да се искористат во брз, вкусен и здрав оброк.
Подготвени за само 10 минути, овие ќофтиња се лесни, хранливи и идеални за семејни ручеци или вечери.
Комбинацијата од сочни тиквички, нежно пилешко месо и ароматични зачини создава јадење што ќе ги воодушеви сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
350 грама тиквичка
150 грама кромид
500 грама мелено бело пилешко месо
2 лажици кисела павлака
1 јајце
1 лажичка сол (или по вкус)
мелен црн пипер (по вкус)
20 грама ситно сечкан свеж копар или магдонос
100 грама овесни снегулки
масло за пржење
НМД
Постапка:
Крупно изрендајте ја тиквичката и кромидот во сад. Додајте го меленото пилешко месо, киселата павлака, јајцето, солта, црниот пипер и ситно исечканиот копар или магдонос.
Смесата внимателно измешајте додека не се соедини во еднолична конзистенција. Потоа, додајте ги овесните снегулки, промешајте и оставете ја смесата да отстои 20 минути.
По овој период, повторно промешајте ја смесата со лажица. Со лажица натопена во вода или масло земајте од смесата и формирајте ќофтиња, кои потоа спуштајте ги во тава со загреано масло на умерена температура.
Поклопете ја тавата за да се пржат ќофтињата во сопствената пареа. По неколку минути, кога долната страна ќе добие златна боја, превртете ги ќофтињата.
Повторно поклопете ја тавата и оставете ги да се пржат додека не се испржат и од другата страна. Готовите ќофтиња извадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот масло.
Послужете ги топли, по желба со гарнир или свежа салата. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: